May 28 2008

Правила на игра

Published by admin

За да го задржиме квалитетот и достојноста на блогов поставивме неколку правила на игра кои ќе треба да се почитуваат.

1. Ова е тимски блог, но секој став искажан преку пост или коментар е став на неговиот автор.

2. На блогов нема да бидат објавувани постови и коментари навредливи врз етничка, верска, расна, полова или која било друга основа.

3. Заканувачки, порнографски или комерцијални содржини, исто така, нема да бидат објавени.

4. Секој коментар пред да се објави ќе биде предмет на одобрување со цел да ги отстраниме сите содржини кои ги кршат правните, етичките и моралните норми и закони.

5. Се обидуваме да бидеме брзи во реакцијата, благодариме за разбирањето.

Comments are closed at this time.

Trackback URI |