Apr 05 2009

„Излезеност“ или „излезност“?

Published by monikaR at 2:28 pm under tv, ymw

Според „Правописниот речник на македонскиот литературен јазик“ од Кирил Конески, издаден од „Просветно дело“ - Скопје во 1999 година, деривати на зборот излез се: излезе, излезат; излези, излезете; излегов, излегоа; излегол, излегле; (ќе) излезев, (ќе) излезеа; (ќе) излезел; излезен.

Од придавката излезен, излезниот - следува дека поради едначењето по звучност, коешто се јавува, правилно е да се каже излезност, а не излезеност.

излезен - излезниот - излезност!

Односно зборот излезеност, воопшто не постои во Современиот Македонски Литературен Јазик. А како треба да зборуваат новинарите и сите останати лица кои работат во медиумите? Секако дека на литературен македонски јазик. Но, на луѓето кои треба да ни бидат пример, тоа тешко им оди, бидејќи се уште не знаат дека во македонскиот јазик не постои изразот така да. Дури и презентерите на телевизиските вести, не знаат дека правилна замена на така да, е така што.

Дури и во една иста телевизија, новинарите различно си ја интерпретираат излезЕноста

Trackback URI | Comments RSS

Leave a Reply