Sep 16 2008
На кого да верувам?
Драги сонародниции сонароднички,
Долгоочекуваниот”запад” пристигна и кај нас.
Настрана сите закони и подзаконски акти, овде не станува збор за тоа.
Не станува нитузбор за европските интеграции, ниту бирократски комуникации.
Нашиот драг и мил”запад” можеме секој ден да го погледнеме
на нашите тв приемници, дневни весници и неделници.
Четвртата власт на нашиот мил и драг државен апарат,
конечно достигна америкаско - европско ниво.
Професионализмот во новинарството е на завидно ниво,
па така и новинарите конечно станаа личности
со посебен углед и општествен статус.
Успешно станаа првокласна алатка за пресметки помеѓу нивните работодавци.
Медиумите станаа арена на “интелектуално” камшикување
помеѓу сопствениците, водени од личните интереси.
Практикувајки го тој начин на информирање,
читателите се доведуваат до своевиден когнитивен хаос,
хаос кој што не е лесно да се доведе во ред поради неговата комплицираност
и решеност да остане таму за долго време.
Примери за такви пресметки има многу,
но за сеа би ја издвоил акционата драма помеѓу телевизија А1 и весникот Вечер.
Линковите ве водат кон гледање на целиот “филм”.
Шоуто може да започне…
Андрески наводно ќе ги преземел „Време“ и „Шпиц“
Vs.
На ова само би го додала и апсурдот со отказот на Бранко Героски, од позицијата уредник на „Шпиц“. Имено, отказот на Героски му беше врачен од страна на Велија Рамковски кој за ова даде и изјава во медиумите. Но не поминаа неколку дена и Рамковски, во врска со случајот „Бојо Андрески“, изјави дека тој не е сопственик на „Шпиц“ и „Време“.
Значи, останува (?) дилемата: Кој е сопственик на овие медиуми?
Хм, можеби во иднина ова може да помогне за да се воведе ред во хаосот на информации: http://www.time.mk