Jul 24 2008
Труфун Костовски не е против изградба на црквата на плоштадот „Македонија“ !?
На трибина која вчера се одржа во културниот центар Точка се случил скандал откако организирана група граѓани упаднале во дискусиите и не дозволиле Трифун да се спротистави на идејата за градење црква на плоштад. Трифун јасно узјавил дека преку реализација на таквата идеја “малиот ринг во Скопје полека, но сигурно ќе стане голем политички ринг”…
Но, еден медиум, во насловот на својата вест од цела оваа приказна извлекол дека Трифун не е против црква на плоштадот, иако тој цело време е против истата идеја.
Нелогичноста е меѓу насловот и содржината на веста на веб порталот Кирилица (http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=13046), веста на http://www.forum.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3330&Itemid=126 и она што Трифун го зборувал на трибината.
gospodine zabrcanec….jasno si kazuva trifun, novinarot pumpa naslovi…toj ne e protiv izgradba na verski objekt, tuku e protiv izgradba na istiot na plostad…
Токму така… Целта на постов беше да се посочи и критикува “пумпањето на наслови” кои даваат, во случајов, обратна смисла на веста. Иако Трифун е за верски објект, но не на плоштад, сепак на kirilica.com.mk се појави наслов “Труфун Костовски не е против изградба на црквата на плоштадот Македонија“, што е невистина.
Еве го делот од мојот пост кој ја посочува суштината:
“Но, еден медиум, во насловот на својата вест од цела оваа приказна извлекол дека Трифун не е против црква на плоштадот, иако тој цело време е против истата идеја.”
И така …
Хм…. Не ми е јасно што со мојата вест. Т.Е. Во кој контекст е пуштен линкот.
Вашата вест е сосема во ред, објаснува што се случило на трибината и кореспондира со насловот на веста. Линкот беше посочен за посетителите на блогов да имаат точен увид што се случило на трибината…
Она што не беше во ред е насловот на Кирилица *Труфун Костовски не е против изградба на црквата на плоштадот „Македонија”*, кој што апсолутно не одговара на вистината.