Jul 01 2008

‘Рѓосани наслови

Published by political scientist at 9:31 am under Uncategorized

Не ми е јасно до кога ќе продолжат медиумите да пренесуваат информации со несоодветни и сензационалистички наслови.Типичен пример за ваква фалш информација со несоодветен наслов е дека Македонија е на 50-то место за водење бизнис.

И така кога странските инвеститори ќе ја видат оваа информација ќе “полудат” по Македонија .Да ,да како не…….

Наслов самиот за себе е некаква информација ,ама доколку Ве заинтересира и сакате да видите на што се должи овој “грандиозен” успех на Р.Македонија ќе се соочите со разочарување,бидејќи сме на 86 место во категоријата иновации,а всушност, според законите на економската наука,иновациите се тие кои ја водат економијата во една држава кон економски прогрес . така де ништо од овој грандиозен успех.А, да не спомнувам дека новинарот на споменуваниов текст ,во истиот спомнува дека сме на 67 во борба против корупцијата и 81 во категоријата воведување на нови технологии итн.Со што може од авион да се види разликата меѓу насловот и неговата содржина.

Нешто што најмногу ме иритираше во овој текст е дека Македонија, благодарение на огромниот напредок од 32 места, се најде пред соседна Грција, која е рангирана на 53-то место.

Прво, напредокот на Македонија е ОК, но дали 3-те маста пред Грција не прават нешто повеќе и дали тоа е некоја огромна разлика.

Второ,со вакови ‘ рѓосани заклучоци,наликуваме на патетична нација која константно се замара со својот сосед ,што тој прави или каде тој е ,а каде не е, а  се надевам дека не сме таква .

И така медиумите создаваат илузии кај народот ,народот “мудро” си молчи……………

Жалосно,зарем не.

Trackback URI | Comments RSS

Leave a Reply