Jul
24
2008
На трибина која вчера се одржа во културниот центар Точка се случил скандал откако организирана група граѓани упаднале во дискусиите и не дозволиле Трифун да се спротистави на идејата за градење црква на плоштад. Трифун јасно узјавил дека преку реализација на таквата идеја “малиот ринг во Скопје полека, но сигурно ќе стане голем политички ринг”…
Но, еден медиум, во насловот на својата вест од цела оваа приказна извлекол дека Трифун не е против црква на плоштадот, иако тој цело време е против истата идеја.
Нелогичноста е меѓу насловот и содржината на веста на веб порталот Кирилица (http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=13046), веста на http://www.forum.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3330&Itemid=126 и она што Трифун го зборувал на трибината.
Jul
11
2008
Секое чудо за три дена.
Не за џабе ја имаме поговоркава, се повеќе сум убедена дека станува збор за емпириско истражување на тема: Колку му трае на Македонецот ставот.
Имено не можев да не забележам една клучна промена на ставот на весникот Вест, во врска со начинот на известување за режирањето на театарска претстава на Слободан Унковски во Грција. Имено, на 25 јуни Вест објави: Грците ни го зедоа и Унко, за да на 11 јули (три дена по премирата) осамне следниов наслов: Солун е наш. И сето тоа проследено на насловни страници.


Она што најмногу ми пречи е фактот што текстовите сами по себе воопшто не се лоши, дури би рекла дека се доста издржани, информативни и непристрасни. Само не можам да сфатам која е потребата текстовите да се упропастат со комплетно непотребно политизирани наслови.
Искрено, мене баш ми значи фактот што во вака луди времиња може да добијам информација дека ете може да се случи Македонец да режира претстава во Грција и се да помине во најдобар ред. Дефетистите ќе речат: „Све се тоа пари у прашање“, ама јас сакам да верувам дека не само парите, туку и културата и уметноста се над политиката. Како што вика Cave:
“I was just a boy when I sat down
To watch the news on TV
I saw some ordinary slaughter
I saw some routine atrocity
My father said, don’t look away
You got to be strong, you got to be bold, now
He said, that in the end it is beauty
That is going to save the world”
Jul
01
2008
Не ми е јасно до кога ќе продолжат медиумите да пренесуваат информации со несоодветни и сензационалистички наслови.Типичен пример за ваква фалш информација со несоодветен наслов е дека Македонија е на 50-то место за водење бизнис.
И така кога странските инвеститори ќе ја видат оваа информација ќе “полудат” по Македонија .Да ,да како не…….
Наслов самиот за себе е некаква информација ,ама доколку Ве заинтересира и сакате да видите на што се должи овој “грандиозен” успех на Р.Македонија ќе се соочите со разочарување,бидејќи сме на 86 место во категоријата иновации,а всушност, според законите на економската наука,иновациите се тие кои ја водат економијата во една држава кон економски прогрес . така де ништо од овој грандиозен успех.А, да не спомнувам дека новинарот на споменуваниов текст ,во истиот спомнува дека сме на 67 во борба против корупцијата и 81 во категоријата воведување на нови технологии итн.Со што може од авион да се види разликата меѓу насловот и неговата содржина.
Нешто што најмногу ме иритираше во овој текст е дека Македонија, благодарение на огромниот напредок од 32 места, се најде пред соседна Грција, која е рангирана на 53-то место.
Прво, напредокот на Македонија е ОК, но дали 3-те маста пред Грција не прават нешто повеќе и дали тоа е некоја огромна разлика.
Второ,со вакови ‘ рѓосани заклучоци,наликуваме на патетична нација која константно се замара со својот сосед ,што тој прави или каде тој е ,а каде не е, а се надевам дека не сме таква .
И така медиумите создаваат илузии кај народот ,народот “мудро” си молчи……………
Жалосно,зарем не.