Jun 28 2008
Archive for June, 2008
Jun 27 2008
Бла, бла, бла……
Медиумите не успеаја правично да ги следат изборите
ИЗБОРНАТА КАМПАЊА ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАКОНОТСамо за ТВ-реклами 10 милиони евра
Коалицијата„За подобра Македонија“треба да плати7,7 а„Сонце“ 1,91 милион евра
И така до бесконечност…
Телевизиите и радијата не успеале правично, избалансирано и непристрасно да ги следат изборите и кампањата. Ова е генералната оценка на Советот за радиодифузија од мониторингот на медиумите.
Не е толку страшно тоа што медиумите на ваков или онаков начин ги следеле изборите, туку тоа што тие всушност им дозволија на партиите уште при самиот почеток да ги прекршат правилата на игра и да имаме вакво изигрување на законот.
И така Советот само ќе се жали и ништо нема да превземе,додека пак претседателот на Советот за радио дифузија во едно интервју вели:“ Ние не можеме да ги спречиме попустите што телевизиите им ги даваат на партиите.”
За да подоцна каже дека изрекле 45 мерки, но сепак не се задоволни од резултатите. Очекуваат до следните избори да се промени изборниот законик за казните да бидат поригорозни.
И сега што бидна ,значи изрекле мерки ,ама казнените мерки не им чинеле.
Аха, а какви тоа мерки изрекле, дисциплинска пред одстранивање, бидејќи јас лично не видов никој да е санкциониран за такво прекршување на изборниот законик.
In my opinion, во Македонија има една тенденција да она што е нормално стане ненормално и она што е незаконско е законско……
Штета што никој не се замара за тоа.
Jun 25 2008
Што сакаше авторот да каже?!!!
Мислев да паузирам со постовиве ама не издржав. Читам по веснициве за самоубиството на новинарот-убиец Таневски и стигнувам до текстот во „Дневник“ насловен како
„ Мистерија смртта на новинарот Таневски“.
Нема да навлегувам во случајот, иако, лично мислам дека самоубиството е дело на Марсовците и тоа само со една единствена цел - да ја збунат истрагата!
Причината зашто денес пишувам е изјавата на проф. Котевски дека станува збор за тенденциозно самоубиство и дека:
- „Во случајот на Таневски станува збор за тенденциозно самоубиство, значи самоубиство кога некој сака да обвини друг за нешто што тој го направил, а Таневски за да го заштити семејството, се решил на таков чекор. Тој добро пресметал што да направи за да го заштити семејството и се убил сметајќи дека дамката што ја фрлил врз семејството е помала ако си го одземе животот отколку да му се суди и да оди во затвор.“
Прво, се прашувам има ли некое самоубиство кое е не е тенденциозно, а второ, ве прашувам сите, дали разбравте што сакаше авторот да каже? Кој кого обвинува за нешто што тој го направил и каква врска има ова со дамката врз семејството?
Не е лошо некогаш новинарите и да препрочитаат што напишале пред тоа да биде објавено и пред со тоа што го пишуваат комплетно да ја збунат својата публика?
Добра идеја, нали?
Jun 24 2008
Ех, да беа само чувствата!
Еве на Кирилица го читам извинувањето на премиерот Груевски за обвинувањата што им ги упати на новинарите и на интелектуалците во земјава во своето интервју за МИА, истакнувајќи дека некои од нив работат за и во интерес на соседите ни Грци.
Читам и си велам: Арно, ќе беше ако беа во прашање само чувствата на новинарите и на интелектуалците! Ама, изјави од ваков тип не ги навредуваат само чувствата, туку, задираат длабоко во суштината на демократијата - слободата на говорот.
Jun 23 2008
Кичевскиот убиец се самоуби
Уф колку е лесно да се напише ваков наслов, а и уште полесно е да се напише сторија кога има приказна која плаче да биде ставена на филмско платно, или плазма екаран де ;).
Еве неколку интересни опсервации по повод овој настан и како медиумите (и не само тие) го видоа целиов случај:
На Кајмак.от во комeнтари: BREAKING: Кичевскиот убиец се самоубил во затвор
Јован: Се удавив во чаша
И еве едан од изворните, медиумски пласирани приказни, чисто колку за илустрација
А1: Кичевскиот убиец се самоуби
Дополнување: Одличен осврт и уште, добри, линкови од ВББ: Фрапантно
и одличниот текст на Guardian: The shocking story of the newspaper crime reporter who knew too much
Jun 23 2008
Скапа(на) објективност
Не знам колкумина од вас знаат за хрватскиот „Ферал“ и колкумина од вас имале можност да прочитаат барем еден негов број, но претпоставувам дека поголемиот дел од вас ја прочитаа веста дека овој неделник престана да излегува.
Непокорноста, доследноста отворено и без „влакна на јазикот“ да се пишува, да се кажува сопствениот став и притоа да не се подлегнува на какви било партиски, политички и економски притисоци, придонесоа овој тиражен неделник да нема спонозори и да не може да опстане на пазарот.
Објективноста е денес очигледно многу скапа(на) работа.
Можеби затоа кај нас речиси ниту еден медиум не е подготвен да биде објективен и професионален!
Се надевам дека „Ферал“ многу брзо ќе најде начин да воскресне затоа што неговото дефинитивно „умирање“ ќе значи дека навистина нема спас за непристрасното новинарство.
Jun 12 2008
Реал, Но!?
Квази критичко мислење кое ја стопира еволуцијата на човековиот ум.
Сомневање скоро и да не постои.
На читателите наместо да им се сервира информација , им се наметнува мислење,
а објективноста е занемарена на сметка на нискo ударни мало-граѓанштини.
Ова е само дел од тоа што добар дел од медиумите за жал го постигнуваат.
Акцентот не го ставам на професионалноста, далеку од тоа.
Се работи за есенцијалните човекови вредности, кои за голема несреќа, изостанаа од тоа што може да се нарече реалност.
Но проблемот не е ни овде.
Проблемот е во т.н. реалисти кои се “реални” и се потсмеваат на секоја идеја и на сечиј сон.
Истите тие луѓе се и виновниците поради кои се отфрлени вистинските човекови вредности , аргументирајќи ги своите постапки со тоа што се нарекува реалност.
Примери има насекаде околку нас.
Експанзијата на капитализмот си го прави своето.
Произведувај тоа што се купува, пласирај тоа што се троши.
Помалку размислувај, повеќе конзумирај.
Ова иде до сите трач новинари, жолти печати и медиуми кои наметнуваат свои ставови.
Jun 12 2008
Веродостојноста на локалните медиуми
оригинално објавено на комуникации
И едноставните акциии како copy/paste станаа вистински предизвик за техничарите кои силум прилика ги пополнуваат сајтовите на дел од локалните медиуми. Ако се земе предвид дека некој од нив имаат онлајн посетители приближно или понекогаш и повеќе од самиот тираж, мислам дека би требало да си ја сватат работата посериозно.
Еве го мотивот. Во вчерашен Вест има два вакви наслови
Странци ни ја кројат историјата-филмови, па мастурбирал пред децата
Милошоски се надева на датум за преговориаа со метли
За после неколку консултации и конечно проверка во печатеното издание и останатите наслови да сфатам дека ова е микс од:
Странци ни ја кројат историјата + Им пуштал порно-филмови, па мастурбирал пред децата
и
Милошоски се надева на датум за преговори + Македонци протестираа со метли
Да бидам искрен во првото читање ги барав метлите на Милошоски и перверзниот странец, ама за жал не ми успеа.
Фала Сеад ![]()
Jun 11 2008
Аман бре до кога?
Деновиве читам на Кирилица наслов (ама и текст) - Цивилизираните Албанци да се борат против калашниковите и ми идит да вриснам и да лелекам до небо.
До кога бре во оваа држава нашите професори, интелектуалци, новинари ќе зборуваат со јазикот на омразата и непочитувањето?
До кога бре ќе ја слушаме приказната дека имало цивилизирани и нецивилизирани Албанци во Македонија, а дека Македонците, од ред до ред, се добри космполити и мирољубиви соседи?
До кога бре ќе го сееме семето на раздорот наместо семето на меѓусебното почитување и разбирање?
Зарем се уште некој верува дека Македонците сите до еден се - цвеќе за мирисање, а Албанците - цвеќе на злото?
Зарем треба допрва нашите професори да ги учиме дека сите ние сме дел од едно стадо, во кое не има и добри и лоши ама дека тоа, верувале или не, не зависи од етничката припадност?
Аман бре до когаааааааааа?
Jun 10 2008
Што?
Денеска, наместо да си го почнам денот нормално, со кафе, јас се фатив за Вечер. Кај ми беше паметот?
Насловната ме извади од такт, и така уште несвестена зедов и написот го прочитав, Грција развива геј туризам. За штивото нема да коментирам, написот каков е таков е, известува за промени што една држава решила да ги спроведе во однос на генералната политика кон истополовите бракови. Не ми е само јасно со што тој напис, за внатрешна политика на друга земја, па макар и била наш сосед, заслужи таква помпезна најава на насловна страна. Можеби авторот сакаше да најави слични промени и кај нас? Што се однесува до мене, јас тие промени би ги поздравила. Ама текстов излезен од кујната на Вечер, за жал не најавува такви промени, туку како по обичај, успешно, со еден удар „убива две муви“. Истовремено плука и по грците и по хомосексуалците. Толку, за текстот повеќе не коментирам.
Ќе се задржам на насловната страна: илустрацијата, наднасловот и насловот на текстот.
Вечер вели: ГРЦИТЕ СЕ БОРАТ ЗА СВОИТЕ ПРАВА, АНТИКАТА СЕ ВРАЌА ВО МОДА НА ГОЛЕМА ВРАТА
И со што нашиот реномиран дневен весник ја илустрира својата теза? Со искривоколчена верзија на едно од најпознатите дела на големиот ренесансен скулптор Микеланџело Буанароти. Скулптурата Давид , од 1504 година, нема никаква врска со античка грција. За своето големо дело, Микеланџело нашол инспирација во вечната борба помеѓу доброто и злото, во случајов Давид и Голијат. Приказната е библиска, и зборува за доблеста на малиот човек. Ако не ви беше јасно до сега зошто се нервирам, да ви појаснам. Очекувам од еден дневен весник, со релативно голем тираж, да информира и да едуцира.
Во случајов, весникот ниту информира, а уште помалку едуцира.
