May 09 2008
Лоша пропаганда!
Многу сум инспирирана од предизборнава кампањава што започна пред официјалниот датум. Сите почнаа пред време да емитуваат политички реклами, а весниците веќе почнаа да им отстапуваат по цели страници. Сепак од мноштвото кампањи една навистина ми ‘’боде’’ очи. Се работи за кампањата на актуелната влада со наслов ‘’Создај иднина’’. Низ градов можеме да забележиме огромни билборди со пораката ПРОШИРИ ГО СЕМЕЈСТВОТО, ИМАЈ ТРЕТО ДЕТЕ! Дали некој седнал да размисли како оваа порака влијае на оние што не можат да имаат нито едно дете или на оние кои имаат едно или две а не можат да имаат повеќе деца. Дали кога се подготвувала кампањата некој седнал да размисли за влијанието и ефектот на истата? Мене не ми изгледа така. Фала богу на какво економско ниво ни се наоѓа државата не знам колку луѓето со просечна или не дај боже помала плата размислуваат како ќе одгледаат три деца. Како ли влијае кампањава на овие луѓе?