Apr
19
2008
Што да ви кажам друго освен дека комшиите-Грците пак ја тераат онаа народната да му умри козата на комшијата.Малку им беше ветото во Букерешт па сега и економски не загарозуваат.А и ни ги повредуваат и човековите права од декларацијата за човекови права.А што кажам друго освен дека Грците немат проблем само името на нашата држава туку и со поимите македонски и македонец.Не знам што е проблемот ако имаш нешто Македонско кај тебе.Добивам впечаток како да се наоѓам во втора свтеска војна кога еврејте биле уништувани.Ама Барем владата останува лојална на нас.Цело време се обидува не одбранат ама некако ни им успева.Да се надеваме дека се ќе се реши во најбрз рок.Толку од мене за денес
Apr
17
2008
Во никој случај несакам да звучам,во најмала рака НАЛИКУВАМ на Г-нот Латас но од аспект на визуелно доловување на нештата би се послужила со неколку дирекни аргументи во поракава која овојпат ви ја испраќам јас а не „гулабот“!
Во следниов прилог следи (не)успехот на нашиот министер за надворшни работи во врска со неговата посета во Вашингтон која се одложува за крајот на Април или почеток на Мај. Важно ЕКИПИТЕ на министерството за надворешни работи се усогласуваат во врска со ТОЧКИТЕ кои секако се во полза на државјаните на МАКЕДОНИЈА и секако никој не е запознаен со нив (барем не наводно). Згора на тоа мои млади чувари на вакви апла добри известувања од страна на ВИСОКИТЕ дипломатски ИЗВОРИ на Сител не би рекле ништо по различно освен дека се се случува со причина и дека сепак нашиот министер КОГА-ТОГАШ важно ке се врати со фамозниот Билатерален договор преку кој ке се оцени објективноста на добрите новинари во тие екипи, кои ке пишуваат вакви слични натписи врз база на нивни лични увидувања без претходно добро подржани факти кои би им ги отвориле очите на сите сограѓани на оваа земја.
Партиската определба на било кој медиум само ја загрозува конкретизацијата во вакви важни моменти и произлегуваат за жал уште многубројни шпекулации кои само внесуваат дополнителен немир во Републикава.
Како и да е никој не сваќа дека на овој народ не му е дојдено до прогнози во краен случај временски поими од типот на пролетни месеци во годината,туку потебно му е став и лидер кој би ја сносел одговорноста на целава оваа (веќе) напишана Историја.
Судете само можеби грешам….Грешам ли ????
Повелете Сителов Линк !
Apr
07
2008
WOW!!!!!!!!!!!!!!
Каков наслов се кладам дека кога ке го прочита ова Америка ке се прсне од смеење.
Знам дека јас се прснав од смеење, патем која е веродостојноста на ваквата приказна и од каде го ископаа ова?
Па се разбира нашиот сајт он нет на кој секој си пишува што сака. Се подразбира дека редакцијата на Вечер си изнаоѓа начини да си го продаде весникот или пак да си добие посетеност на нивната интернет страна. Но замислете каква шпекулација е ова штом го пишува еден дневен весник. Само се прашувам што е следно…..
За подетален опис на приказната посете те го весникот Вечер
Се читаме подоцна со некоја нова информација каде Грција ќе стави вето на Русија поради тоа што и Грција има бензински пумпи под името Лук Оил
Apr
07
2008
Еве еден добар пример како ние македончињата треба да размислуваме.
Овој текст кој се наоѓа на страната мкдинфо е напишан од една моја колешка Ајла која успеала добро да ја прочита политичката пропаганда и била доволно храбра да ја искоментира. Затоа ви препорачувам на сите понатаму да не ги гледате работите онакви какви што ви ги кажуваат, секогаш нека постои во вас мал сомнеж дали навистина е така како што ви го пренесуваат на вас.
Apr
06
2008
Па вака, ме инспирираше овој лош наслов во дневниот весник Вечер (омилен ми е за критики) за кој мислам дека не му доликува на еден новинар вака да етикетира и јавно да навредува еден народ, кој што во државава е сепак малцинство и треба крајно да се почитува. Во случајов според мене насловот би требало да гласи ,,Кејт Мос ќе прави ромска свадба” со што би се изгубила навредата, а поентата пак ќе биде доловена. Срамота е вака да се ставаме на тапет, а пропагираме добри меѓучовечки односи.

Apr
02
2008
Овде се работи за текст кој што е објавен во дневниот весник Вечер на 2 април чиј наслов: тврди дека Хит Леџер има вонбрачна ќерка.
Ме инспирираше контрадикторноста на насловот со текстот во кој новинарот во неколку наврати користи зборови од типот: најверојатно и по се изгледа дека…
Јас мислам дека ниту еден читател не сфати дали навистина актерот има вонбрачно дете кое во наднасловот е безобразно наречено - грев на младоста.