Mar
29
2008
На прв поглед приказнава е прилично веродостојна поради тоа што “експертите” тврдат дека …, од основниот суд велат дека… од блиски извори на МВР дознаваме дека ….и уште еден куп глупости кои само новинарите можат да ги допишат само за нивната приказна да изгледа поверодостојна, што на некој начин им успева. И размислете дали српскиот весник “Курир” е достоен весник за потврда на таа информација… 
Неверодостојнос на приказната покажуваат и самите тие со дел од текстот во кој го пишува следново:
Мирослав Вујиќ, адвокатот на Ѓорѓи Ѓорѓевски, пријателот на Тоше, кој го возеше “туарегот” дента кога се случи несреќата вчера немаше информација дека вештачењето е започнато, бидејќи очекува тој да биде поканет да присуствува на експертизата.
Треба да се размисли малце подобро и да се увиди какви инфорнации ни се пренесуваат секојдневно и на кои ние слепо им веруваме. …
За тие кои сакаат да ја прочитаат приказната за наводното расклопување на туарегот на Тоше од страна на
“експертите” можат да отидат на страната на весникот Вечер

Вашето куче чувар 
Крис
Mar
29
2008
Целта на текстов ми е да укажам на сензационалноста на дневниот весник Вечер кој што во случајов на насловната страница има ставено наслов Фудбалерот Карчев претепан од албански парламетнтарец, а во самиот текст пишува дека всушност се здобил со неколку клоци и пцовки. Истиот текст можете да го прочитате и сами да се уверите на страната на Вечер од 11.03.2008год. Мислам дека е навистина апсурдно и смешно да се напише ваков наслов кој подоцна ќе се разобличи во самиот текст.
Mar
29
2008
Мобилните оператори „Т-мобиле“ и „Космофон“ треба да платат глоба од 4,4 милиони евра поради незаконска наплата на услугата „говорна пошта“. Комисијата за заштита на конкуренцијата одлучи „Т-мобиле“ да уплати во буџетот 4,1 милиони евра, а „Космофон“ - 250.000 евра. Антимонополската комисија и’ одреди глоба од 1,3 милион евра на ЕСМ-ЕВН поради пресметување на манипулативен трошок во сметките за струја.Износот на глобата се движи од еден до 10 отсто од годишниот приход на компаниите. Во Комисијата не откриваат со колкав процент од приходите се казнети компаниите, заради заштита на деловна тајна. Глобата треба да се плати на буџетска сметка во рок од 30 дена од добивањето на решението.
Антимонополската комисија лани во септември донесе решение со кое им забрани на двата мобилни оператора автоматски да им наплаќаат на корисниците ако се вклучи говорното сандаче.
Операторите добија рок од 90 дена да воведат нов начин на тарифирање за услугата „мејли“, со кој на повикувачот ќе му се даде можност да избере дали сака да остави говорна порака што ќе му биде тарифирана. „Македонски телекомуникации“ лани беа казнети со 2,3 милиона евра поради непочитување на забраната за наплата на манипулативен трошок во телефонските сметки.
Извор : Дневник