Archive for the 'print' Category

Sep 16 2008

На кого да верувам?

Published by Борјан under print, tv

Драги сонародниции сонароднички,
Долгоочекуваниот”запад” пристигна и кај нас.
Настрана сите закони и подзаконски акти, овде не станува збор за тоа.
Не станува нитузбор за европските интеграции, ниту бирократски комуникации.

Нашиот драг и мил”запад” можеме секој ден да го погледнеме
на нашите тв приемници, дневни весници и  неделници.
Четвртата власт  на нашиот мил и драг државен апарат,
конечно  достигна америкаско - европско ниво.

Професионализмот во новинарството е на завидно ниво,
па така и новинарите конечно станаа личности
со посебен углед и општествен статус.

Успешно  станаа првокласна алатка за пресметки помеѓу нивните работодавци.
Медиумите станаа арена на “интелектуално” камшикување
помеѓу сопствениците, водени од личните интереси.
Практикувајки го тој начин на информирање,
читателите се доведуваат до своевиден  когнитивен хаос,
хаос кој што не е лесно да се доведе во ред поради неговата комплицираност
и решеност да остане таму за долго време.

Примери за такви пресметки има многу,
но за сеа би ја издвоил акционата драма помеѓу телевизија А1 и весникот Вечер.

Линковите ве водат кон гледање на целиот “филм”.

Шоуто може да започне…

Андрески наводно ќе ги преземел „Време“ и „Шпиц“

Vs.

Шпиц и Време паѓаат поради долгови!

2 responses so far

Jun 10 2008

Што?

Published by elena under media, print

Денеска, наместо да си го почнам денот нормално, со кафе, јас се фатив за Вечер. Кај ми беше паметот?

Насловната ме извади од такт, и така уште несвестена зедов и написот го прочитав, Грција развива геј туризам. За штивото нема да коментирам, написот каков е таков е, известува за промени што една држава решила да ги спроведе во однос на генералната политика кон истополовите бракови. Не ми е само јасно со што тој напис, за внатрешна политика на друга земја, па макар и била наш сосед, заслужи таква помпезна најава на насловна страна. Можеби авторот сакаше да најави слични промени и кај нас? Што се однесува до мене, јас тие промени би ги поздравила. Ама текстов излезен од кујната на Вечер, за жал не најавува такви промени, туку како по обичај, успешно, со еден удар „убива две муви“. Истовремено плука и по грците и по хомосексуалците. Толку, за текстот повеќе не коментирам.

Ќе се задржам на насловната страна: илустрацијата, наднасловот и насловот на текстот.

naslovna-vecer.jpg

Вечер вели: ГРЦИТЕ СЕ БОРАТ ЗА СВОИТЕ ПРАВА, АНТИКАТА СЕ ВРАЌА ВО МОДА НА ГОЛЕМА ВРАТА

И со што нашиот реномиран дневен весник ја илустрира својата теза? Со искривоколчена верзија на едно од најпознатите дела на големиот ренесансен скулптор Микеланџело Буанароти. Скулптурата Давид , од 1504 година, нема никаква врска со античка грција. За своето големо дело, Микеланџело нашол инспирација во вечната борба помеѓу доброто и злото, во случајов Давид и Голијат. Приказната е библиска, и зборува за доблеста на малиот човек. Ако не ви беше јасно до сега зошто се нервирам, да ви појаснам. Очекувам од еден дневен весник, со релативно голем тираж, да информира и да едуцира.

Во случајов, весникот ниту информира, а уште помалку едуцира.

No responses yet