Archive for the 'media' Category

Sep 30 2008

АА1 Вести

Published by Борјан under media

Во контекст на влијанието на сопствениците врз своите медиуми,

следи видео материјал - проект на студентите на правниот факултет, отсек политички студии.

Проектот е по предметот Јавно мислење и масовни медиуми.

No responses yet

Jun 23 2008

Кичевскиот убиец се самоуби

Published by admin under media, ymw

Уф колку е лесно да се напише ваков наслов, а и уште полесно е да се напише сторија кога има приказна која плаче да биде ставена на филмско платно, или плазма екаран де ;).

Еве неколку интересни опсервации по повод овој настан и како медиумите (и не само тие) го видоа целиов случај:

На Кајмак.от во комeнтари: BREAKING: Кичевскиот убиец се самоубил во затвор

Јован: Се удавив во чаша

И еве едан од изворните, медиумски пласирани приказни, чисто колку за илустрација

А1: Кичевскиот убиец се самоуби

Дополнување: Одличен осврт и уште, добри, линкови од ВББ: Фрапантно

и одличниот текст на Guardian: The shocking story of the newspaper crime reporter who knew too much

3 responses so far

Jun 12 2008

Реал, Но!?

Published by Борјан under media

Квази критичко мислење кое ја стопира еволуцијата на човековиот ум.
Сомневање скоро и да не постои.
На читателите наместо да им се сервира информација , им се наметнува мислење,
а објективноста е занемарена на сметка на нискo ударни мало-граѓанштини.

Ова е само дел од тоа што добар дел од медиумите за жал го постигнуваат.

Акцентот не го ставам на професионалноста, далеку од тоа.
Се работи за есенцијалните човекови вредности, кои за голема несреќа, изостанаа од тоа што може да се нарече реалност.

Но проблемот не е ни овде.

Проблемот е во т.н. реалисти кои се “реални” и се потсмеваат на секоја идеја и на сечиј сон.
Истите тие луѓе се и виновниците поради кои се отфрлени вистинските човекови вредности , аргументирајќи ги своите постапки со тоа што се нарекува реалност.

Примери има насекаде околку нас.
Експанзијата на капитализмот си го прави своето.
Произведувај тоа што се купува, пласирај тоа што се троши.
Помалку размислувај, повеќе конзумирај.

Ова иде до сите трач новинари, жолти печати и медиуми кои наметнуваат свои ставови.

One response so far

Jun 10 2008

Што?

Published by elena under media, print

Денеска, наместо да си го почнам денот нормално, со кафе, јас се фатив за Вечер. Кај ми беше паметот?

Насловната ме извади од такт, и така уште несвестена зедов и написот го прочитав, Грција развива геј туризам. За штивото нема да коментирам, написот каков е таков е, известува за промени што една држава решила да ги спроведе во однос на генералната политика кон истополовите бракови. Не ми е само јасно со што тој напис, за внатрешна политика на друга земја, па макар и била наш сосед, заслужи таква помпезна најава на насловна страна. Можеби авторот сакаше да најави слични промени и кај нас? Што се однесува до мене, јас тие промени би ги поздравила. Ама текстов излезен од кујната на Вечер, за жал не најавува такви промени, туку како по обичај, успешно, со еден удар „убива две муви“. Истовремено плука и по грците и по хомосексуалците. Толку, за текстот повеќе не коментирам.

Ќе се задржам на насловната страна: илустрацијата, наднасловот и насловот на текстот.

naslovna-vecer.jpg

Вечер вели: ГРЦИТЕ СЕ БОРАТ ЗА СВОИТЕ ПРАВА, АНТИКАТА СЕ ВРАЌА ВО МОДА НА ГОЛЕМА ВРАТА

И со што нашиот реномиран дневен весник ја илустрира својата теза? Со искривоколчена верзија на едно од најпознатите дела на големиот ренесансен скулптор Микеланџело Буанароти. Скулптурата Давид , од 1504 година, нема никаква врска со античка грција. За своето големо дело, Микеланџело нашол инспирација во вечната борба помеѓу доброто и злото, во случајов Давид и Голијат. Приказната е библиска, и зборува за доблеста на малиот човек. Ако не ви беше јасно до сега зошто се нервирам, да ви појаснам. Очекувам од еден дневен весник, со релативно голем тираж, да информира и да едуцира.

Во случајов, весникот ниту информира, а уште помалку едуцира.

No responses yet

Jun 07 2008

Нагон Vs. Разум

Published by Борјан under media

Тоа што човекот го издвојува од сите други живи битија е разумот. Со помош на него човекот  може да оценува кои работи би требало да завземат повисоко, а кои пониско место во сферата на неговото интересирање.

Исто така  со помош на разумот, на човекот му е овозможено и рационално да суди, како за своите, така и за делата на другите луѓе.

Тоа што е заедничко помеѓу човекот и другите битија, посебно животните, е  сексуалниот нагон кој е сосема нормална и природна работа.

Би било исто така нормално кога ниедна од овие работи не си пречат една на друга.

Лошото се појавува тогаш кога медиумите, дознавајќи ја слабата точка на човекот, неговата ирационална, емоционално-сексуална наклонетост,  ја искористуваат за остварување на своите лични цели, биле тоа пари, пари или пак пари.

Но, не би било толку лошо кога  се би се сведело само на тоа.

Имено,  пропагирајќи  сексуално привлечни  содржини, се одвлекува вниманието за она што навистина го засега човекот, за подоцна кога ќе му се понуди некоја покомплексна асексуална содржина, да се јави проблем.

Нагонот надвладеал со разумот.

Се додека (околу нас) слушаме музика чии текстови промовираат  ниски страсти, аморални вредности,
по весниците за информирање, насловните се со манекенки или разголени пејачки,
по телевизиите секси водителки нудат телевизиски задоволства,
а новинарите се презафатени со пишување на трачеви и невистни,
разумот ќе остане заробен, а човекот ќе мора да почека подобри времиња за да стане човек.

Да нема недоразбирање,
љубов си е љубов, секс си е секс, дали заедно или одделно,
но сепак да не дозволиме нагонот да (пре)владее и да (о)станеме тоа што не сме.
Животниски поздрав!!!

No responses yet