Apr
05
2009
Според „Правописниот речник на македонскиот литературен јазик“ од Кирил Конески, издаден од „Просветно дело“ - Скопје во 1999 година, деривати на зборот излез се: излезе, излезат; излези, излезете; излегов, излегоа; излегол, излегле; (ќе) излезев, (ќе) излезеа; (ќе) излезел; излезен.
Од придавката излезен, излезниот - следува дека поради едначењето по звучност, коешто се јавува, правилно е да се каже излезност, а не излезеност.
излезен - излезниот - излезност!
Односно зборот излезеност, воопшто не постои во Современиот Македонски Литературен Јазик. А како треба да зборуваат новинарите и сите останати лица кои работат во медиумите? Секако дека на литературен македонски јазик. Но, на луѓето кои треба да ни бидат пример, тоа тешко им оди, бидејќи се уште не знаат дека во македонскиот јазик не постои изразот така да. Дури и презентерите на телевизиските вести, не знаат дека правилна замена на така да, е така што.
Дури и во една иста телевизија, новинарите различно си ја интерпретираат излезЕноста…
Jun
23
2008
Уф колку е лесно да се напише ваков наслов, а и уште полесно е да се напише сторија кога има приказна која плаче да биде ставена на филмско платно, или плазма екаран де ;).
Еве неколку интересни опсервации по повод овој настан и како медиумите (и не само тие) го видоа целиов случај:
На Кајмак.от во комeнтари: BREAKING: Кичевскиот убиец се самоубил во затвор
Јован: Се удавив во чаша
И еве едан од изворните, медиумски пласирани приказни, чисто колку за илустрација
А1: Кичевскиот убиец се самоуби
Дополнување: Одличен осврт и уште, добри, линкови од ВББ: Фрапантно
и одличниот текст на Guardian: The shocking story of the newspaper crime reporter who knew too much
Apr
02
2008
Овде се работи за текст кој што е објавен во дневниот весник Вечер на 2 април чиј наслов: тврди дека Хит Леџер има вонбрачна ќерка.
Ме инспирираше контрадикторноста на насловот со текстот во кој новинарот во неколку наврати користи зборови од типот: најверојатно и по се изгледа дека…
Јас мислам дека ниту еден читател не сфати дали навистина актерот има вонбрачно дете кое во наднасловот е безобразно наречено - грев на младоста.