Apr 14 2009
Плоштад Слобода
Само сакам да ве поздравам и да пријавам дека на протестот на 11.4.2009 видов неколку учесници од YMW и многу се израдував :))))
Тука сте, живи сте, следите состојби и најважно од се РЕАГИРАТЕ!!!!
Другарски поздрав!
Лица
Apr 14 2009
Само сакам да ве поздравам и да пријавам дека на протестот на 11.4.2009 видов неколку учесници од YMW и многу се израдував :))))
Тука сте, живи сте, следите состојби и најважно од се РЕАГИРАТЕ!!!!
Другарски поздрав!
Лица
Nov 30 2008
Од истата екипа, друго клипче во однос на потсвесните реклами.
Бујрум…
Aug 05 2008
Кога се затвара весник, најчесто некаде попладне во локалните мк практики, атмосфетара во редакциите знае да биде мноогупоразлина од вообичаено. А грешки се прават многу често. Знам не е многу благодарно овек да се сите на грешки, особено не на ситни, ама често токму тие ја откриваат целата слика за нивото на кое се работи. Ако ситните грешки се случуваат заради систематски недостаток на некои работи тогаш тоа е лошо. Ај доста празна слама, еве го поводот.
Утрински Весник (04.08), напис во рубриката хроника, приакзната е како некоја сапуница а врвот е во реченицата:
Откако откриле дека Бурим бил во врска со нивните сопруги, му наредиле да се самоубие, зашто во спротивно тие ќе го стореле тоа. …Двајца тетовци киднапирале сограѓанин поради врски со нивните сопруги
Останува само нејасно дали овие двајцава, ќе се самоубиле или ќе го самоубиле третиов?
Jul 24 2008
На трибина која вчера се одржа во културниот центар Точка се случил скандал откако организирана група граѓани упаднале во дискусиите и не дозволиле Трифун да се спротистави на идејата за градење црква на плоштад. Трифун јасно узјавил дека преку реализација на таквата идеја “малиот ринг во Скопје полека, но сигурно ќе стане голем политички ринг”…
Но, еден медиум, во насловот на својата вест од цела оваа приказна извлекол дека Трифун не е против црква на плоштадот, иако тој цело време е против истата идеја.
Нелогичноста е меѓу насловот и содржината на веста на веб порталот Кирилица (http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=13046), веста на http://www.forum.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3330&Itemid=126 и она што Трифун го зборувал на трибината.
Jul 11 2008
Секое чудо за три дена.
Не за џабе ја имаме поговоркава, се повеќе сум убедена дека станува збор за емпириско истражување на тема: Колку му трае на Македонецот ставот.
Имено не можев да не забележам една клучна промена на ставот на весникот Вест, во врска со начинот на известување за режирањето на театарска претстава на Слободан Унковски во Грција. Имено, на 25 јуни Вест објави: Грците ни го зедоа и Унко, за да на 11 јули (три дена по премирата) осамне следниов наслов: Солун е наш. И сето тоа проследено на насловни страници.
Она што најмногу ми пречи е фактот што текстовите сами по себе воопшто не се лоши, дури би рекла дека се доста издржани, информативни и непристрасни. Само не можам да сфатам која е потребата текстовите да се упропастат со комплетно непотребно политизирани наслови.
Искрено, мене баш ми значи фактот што во вака луди времиња може да добијам информација дека ете може да се случи Македонец да режира претстава во Грција и се да помине во најдобар ред. Дефетистите ќе речат: „Све се тоа пари у прашање“, ама јас сакам да верувам дека не само парите, туку и културата и уметноста се над политиката. Како што вика Cave:
“I was just a boy when I sat down
To watch the news on TV
I saw some ordinary slaughter
I saw some routine atrocity
My father said, don’t look away
You got to be strong, you got to be bold, now
He said, that in the end it is beauty
That is going to save the world”
Jul 01 2008
Не ми е јасно до кога ќе продолжат медиумите да пренесуваат информации со несоодветни и сензационалистички наслови.Типичен пример за ваква фалш информација со несоодветен наслов е дека Македонија е на 50-то место за водење бизнис.
И така кога странските инвеститори ќе ја видат оваа информација ќе “полудат” по Македонија .Да ,да како не…….
Наслов самиот за себе е некаква информација ,ама доколку Ве заинтересира и сакате да видите на што се должи овој “грандиозен” успех на Р.Македонија ќе се соочите со разочарување,бидејќи сме на 86 место во категоријата иновации,а всушност, според законите на економската наука,иновациите се тие кои ја водат економијата во една држава кон економски прогрес . така де ништо од овој грандиозен успех.А, да не спомнувам дека новинарот на споменуваниов текст ,во истиот спомнува дека сме на 67 во борба против корупцијата и 81 во категоријата воведување на нови технологии итн.Со што може од авион да се види разликата меѓу насловот и неговата содржина.
Нешто што најмногу ме иритираше во овој текст е дека Македонија, благодарение на огромниот напредок од 32 места, се најде пред соседна Грција, која е рангирана на 53-то место.
Прво, напредокот на Македонија е ОК, но дали 3-те маста пред Грција не прават нешто повеќе и дали тоа е некоја огромна разлика.
Второ,со вакови ‘ рѓосани заклучоци,наликуваме на патетична нација која константно се замара со својот сосед ,што тој прави или каде тој е ,а каде не е, а се надевам дека не сме таква .
И така медиумите создаваат илузии кај народот ,народот “мудро” си молчи……………
Жалосно,зарем не.
Jun 28 2008
Jun 27 2008
Медиумите не успеаја правично да ги следат изборите
ИЗБОРНАТА КАМПАЊА ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАКОНОТСамо за ТВ-реклами 10 милиони евра
Коалицијата„За подобра Македонија“треба да плати7,7 а„Сонце“ 1,91 милион евра
И така до бесконечност…
Телевизиите и радијата не успеале правично, избалансирано и непристрасно да ги следат изборите и кампањата. Ова е генералната оценка на Советот за радиодифузија од мониторингот на медиумите.
Не е толку страшно тоа што медиумите на ваков или онаков начин ги следеле изборите, туку тоа што тие всушност им дозволија на партиите уште при самиот почеток да ги прекршат правилата на игра и да имаме вакво изигрување на законот.
И така Советот само ќе се жали и ништо нема да превземе,додека пак претседателот на Советот за радио дифузија во едно интервју вели:“ Ние не можеме да ги спречиме попустите што телевизиите им ги даваат на партиите.”
За да подоцна каже дека изрекле 45 мерки, но сепак не се задоволни од резултатите. Очекуваат до следните избори да се промени изборниот законик за казните да бидат поригорозни.
И сега што бидна ,значи изрекле мерки ,ама казнените мерки не им чинеле.
Аха, а какви тоа мерки изрекле, дисциплинска пред одстранивање, бидејќи јас лично не видов никој да е санкциониран за такво прекршување на изборниот законик.
In my opinion, во Македонија има една тенденција да она што е нормално стане ненормално и она што е незаконско е законско……
Штета што никој не се замара за тоа.
Jun 25 2008
Мислев да паузирам со постовиве ама не издржав. Читам по веснициве за самоубиството на новинарот-убиец Таневски и стигнувам до текстот во „Дневник“ насловен како
„ Мистерија смртта на новинарот Таневски“.
Нема да навлегувам во случајот, иако, лично мислам дека самоубиството е дело на Марсовците и тоа само со една единствена цел - да ја збунат истрагата!
Причината зашто денес пишувам е изјавата на проф. Котевски дека станува збор за тенденциозно самоубиство и дека:
- „Во случајот на Таневски станува збор за тенденциозно самоубиство, значи самоубиство кога некој сака да обвини друг за нешто што тој го направил, а Таневски за да го заштити семејството, се решил на таков чекор. Тој добро пресметал што да направи за да го заштити семејството и се убил сметајќи дека дамката што ја фрлил врз семејството е помала ако си го одземе животот отколку да му се суди и да оди во затвор.“
Прво, се прашувам има ли некое самоубиство кое е не е тенденциозно, а второ, ве прашувам сите, дали разбравте што сакаше авторот да каже? Кој кого обвинува за нешто што тој го направил и каква врска има ова со дамката врз семејството?
Не е лошо некогаш новинарите и да препрочитаат што напишале пред тоа да биде објавено и пред со тоа што го пишуваат комплетно да ја збунат својата публика?
Добра идеја, нали?
Jun 24 2008
Еве на Кирилица го читам извинувањето на премиерот Груевски за обвинувањата што им ги упати на новинарите и на интелектуалците во земјава во своето интервју за МИА, истакнувајќи дека некои од нив работат за и во интерес на соседите ни Грци.
Читам и си велам: Арно, ќе беше ако беа во прашање само чувствата на новинарите и на интелектуалците! Ама, изјави од ваков тип не ги навредуваат само чувствата, туку, задираат длабоко во суштината на демократијата - слободата на говорот.